За нас Документи Проекти Галерија Тим Поддржувачи Контакт
MK EN

02.2025

Во Фебруари 2025 година е потпишан договор со ‘Здружението за социјални иновации АРНО’ од Скопје,
при што е договорено членовите на ИН ВИВО да обезбедат менторска поддршка за потенцијалните грантисти на АРНО во рамки на
проектот ‘Граѓанското општество и младите за инклузивен и одржлив развој преку циркуларна економија во Северна Македонија’
кој е финансиран од Европската Унија. Во рамките на оваа соработка, членовите на ИН ВИВО ќе:
- спроведат дијагностика на граѓанските организации и да дефинирање на области за индивидуално и тимско подобрување
- ги водат граѓанските организации низ материјалите за учење и обезбедување на дополнителни извори на учење
- го ментораат развојот на нивните идеи и циркуларни бизнис модели, и да ги менторираат подготовките за Демо денот предлагаат можности за мрежно поврзување, учење и дополнително финансирање.
- подготовка на извештај и работни листи (timesheets) по насоките на АРНО 

Повеќе информации за оваа проектна активност можете да најдете на: (https://arno.org.mk/mk/proekti/proekt_ce/)