Минатата недела почнавме со спроведување на проектот ЈОДА, кој што е финансиран од Цивика Мобилитас. Преку оваа програма, бездомните лица од Скопскиот регион би имале можност да се запознаат, едуцираат и вклучат во нашите социјално претприемачки активности и производството на биохумус. Крајна цел на оваа програма е да ги препознае маргинализираните кои што сакаат да го предизвикаат својот општествен и материјален статус, и да ги зголеми шансите за нивна одржлива реинтеграција во сите сфери на општественото живеење.
Настанот беше одржан во Граѓанскиот Ресурсен Центар во Скопје. Извршниот Директор на Здружението Дејан Стојановиќ ги запозна учесниците на проектот со активностите на Здружението, и целите на ЈОДА проектот.
Нашата прва гостинка-говорник на овој настан беше Наталија Бургиева, сопственик на компанијата Мама Органа и една од најуспешните социјални претприемначи во земјава. Наталија зборуваше за иднината на социјалното претприемништво, споделувајќи ги притоа со учесниците на програмата и сопствените животни и професионални искуства.
Наша втора гостинка-говорник на овој настан беше доц. д-р Даниела Димовска од Универзитетот Гоце Делчев, која што зборуваше за иднината на органското производство. Таа сподели со учесниците на програмата дел од сопствената експертиза и даде многу корисни совети кои ќе ги имплементираме во идното производството на биохумус. Предавањата на нашите говорнички предизвикаа големо внимание кај учесниците на настанот, како и нивно активно учество на истиот.
Предавањата на нашите говорнички предизвикаа големо внимание кај учесниците на настанот, како и нивно активно учество на истиот.
На 30.07. 2020 ја одржавме првата практична обука за бездомните лица од Скопскиот регион. Обуката се одржа во рамки на ЈОДА проектот, кој е финансиран од Цивика Мобилитас. Проектот има за цел да ги зголеми шансите за одржлива реинтеграција на бездомните лица од Скопскиот регион, преку нивно вклучување во постоечките и нови социјално претприемачки активности. Лицата кои што беа поканети да учествуваат во проектот беа предложени од пунктот на Црвен Крст кој е лоциран во Момин Поток – Скопје.
Обуката беше одржана во атарот на с. Јаболци – Скопско, каде што Здружението располага со цца 13,000 м². При отпочнувањето на обуката, учесниците беа запознаени со досегачните активности и остварувања на Здружението во делот на просизводство на биохумус, како и со идните планови за проширување на производството.
Заедно со учесниците на проектот, ги пренесовме сите материјали кои се предвидени за нова леа за производство на биохумус до местото каде што истата ќе биде формирана.
Врз основа на препораките на експертот кој што го ангажиравме за оваа фаза, учесниците на проектот беа поделени во две работни групи со сооодветни задолженија. Првата група работеше на подготовката на основата каде што ќе биде формирано новото ‘корито’ за производство на биохумус.
Втората група работеше на заштита на даските кои што ќе ги користиме при следната фаза од формирање на ‘коритото’ за производство на биохумус .
Кон крај на реаботниот ден, сите учесници во проектот помогнаа да се наполни со камен рамката во која што ќе се формира основата со нејзиното бетонирање.
На крајот на денот, направивме една зедничке фотографија како мал спомен за успешно започнатите работни активности.
На 30.07. 2020 ја одржавме првата практична обука за бездомните лица од Скопскиот регион. Обуката се одржа во рамки на ЈОДА проектот, кој е финансиран од Цивика Мобилитас. Проектот има за цел да ги зголеми шансите за одржлива реинтеграција на бездомните лица од Скопскиот регион, преку нивно вклучување во постоечките и нови социјално претприемачки активности. Лицата кои што беа поканети да учествуваат во проектот беа предложени од пунктот на Црвен Крст кој е лоциран во Момин Поток – Скопје.
И овој настан беше одржан во просториите на Граѓанскиот Ресурсен Центар во Скопје, почитувајќи ги сите протоколи за одржување на обуки и семинари кои се пропишани од Владата.И овој настан беше одржан во просториите на Граѓанскиот Ресурсен Центар во Скопје, почитувајќи ги сите протоколи за одржување на обуки и семинари кои се пропишани од Владата.
Настанот беше отворен од Директорот на Здружението, Дејан Стојановиќ, со куса ретроспектива на досега спроведените активности од ЈОДА проектот но и информации за плановите на Здружението за идните активности во Скопскиот регион.
Овој настан беше посветен на подигање на свесноста кај учесниците на програмата за важноста за зачувување и одржување на сопственото телесно и орално здравје, како основа за нивно идно квалитетно вклучување кон социјално претприамачките активности, но и сите други сфери на општественото живеење.
Наши гостинки-говорнички на овој настан беа др.Елена Тасевска, доктор на оделение за ОРЛ и специјализант по абдоменална хирургија, и др. Билјана Доновска, стоматолог и магистер по здравствен и фармацевтски менаџмент. Нашите говорнички ги споделија со учесниците во проектот досегашните активности на Здружението за зачувување и унапредување на здравјето на нашите бездомни пријатели. Воедно, ‘нашите’ докторки се ставија на располагање на учесниците на програмата за идна советодавна и практична здравствена поддршка.
Како и вообичаено, за сите учесници на програмата беа обезбедени неопходни материјали со кои се трудиме да им го олесниме следењето на предавањата но и усвојувањето на нови знаења.
На 15.06. ја спроведовме втората практична обука за бездомни лица од Скопскиот регион, преку која тие ќе се запознаат со целиот процес на производство на биохумус. Овие активности се спроведуваат во рамка на проектот ЈОДА, кој што е финансиран од Цивика Мобилитас.
На почетокот на денот ги посетивме производствените капацитети на ОРГАНИКА НОВА во с. Батинци. Скопско. Оваа компанија е доајен во производството на биохумус во нашата земја, а воедно се и едни од најголемите локални произведувачи на чврст и течен биохумус. Сопственикот на ОРГАНИКА НОВА, г-дин Слободан Вуксановиќ ни одржа предавање преку кое не запозна со предизвиците со коишто се соочувал на на своите почетоци, со моменталните состојби на пазарот со биохумус, како и со можностите кои што ги нуди овој тип на производство.
По пристигнувањето на плацот каде што ја одржуваме практичната настава, веднаш продолживме со довршување на основата на големата леа, во која што ќе се одвива производството на биохумус. Во работниот процес учествуваа сите учесници на програмата, во склад со своите здравствени и физички можности.
По формирањето на коритото и негово зачврстување за предходно поставените арматури, поставен беше и најлонот врз целата конструкција. Со тоа, ние го комплетиравме формирањето на основата и подготвени сме за положување на ѓубривото калифорниските црви.
Кон крајот на денот, учесниците на обуката ги поздрави еден од локалните жители на с. Јаболци, Ќазим Амзовски, кој што е наш соработник и добавувач на природно кравјо ѓубриво. Ќазим ги запозна учесниците на програмата со предизвиците со коишто се соочува локалната заедница, но и со можностите за спроведување на социјално претприемачки активности во овој дел на Скопската околина.
Според договорениот план на активности, на 20.08. 2020 ја одржавме третата теоретска обука од проектот ЈОДА, кој што е финансиран од Цивика Мобилитас #CivicaMobilitas. Целта на оваа програма е да ги препознае бездомните лица од Скопскиот регион кои што САКААТ да го ‘предизвикаат’ својот сегашен општествен и материјален статус, оспособувајќи ги и давајќи им можност да се вклучат во социјално претприемачките иницијативи на Здружението за социјален и економски развој ИН ВИВО - Скопје.
Настанот беше одржан во Граѓанскиот Ресурсен Центар во Скопје. Како и на сите претходни обуки, одзивот на лицата поканети да учествуваат на овој настан беше навистина одличен!!!
Прв говорник на овој настан беше М-р Дарко Петровски, наш познат претприемач и консултант. Освен активностите во неговата компанија ‘Step Up’, во моментов Дарко ја врши функцијата на Претседавач на Локалниот Социјално-Еконoмски Совет на Град Скопје и Претседател на Македонската Асоцијација за Човечки Ресурси. Дарко на учесниците на обуката им зборуваше за важноста и убавината на работењето, поттикнувајќи и поддржувајќи ги нивните напори за одржлива реинтеграција во општеството.
Наша втора гостинка-говорник беше Лела Ставрева, семеен и системски советник и сопственичка на HR Angels. Лела пред нашите бездомни пријатели зборуваше за зависностите како еден од најголемите непријатели на нашата предвидлива и достоинствена иднина.
Предавањата на нашите говорници предизвикаа внимание и соодветна интеракција на учесниците за цело времетраење на настанот, вклучувајќи ги и вежбите за фокусирање на кои што Лела ги поттикна учесниците на обуката.
Настанот беше затворен од Директорот на Здружението, Дејан Стојановиќ, кој го сподели со учесниците планот на теоретски и практични активности во втората половина од спроведувањето на ЈОДА проектот.
На 29.08.2020 ја спроведовме третата практична обука за производство на биохумус. Обуката е наменета за бездомни лица од Скопскиот регион, со цел да се обезбедат услови за нивна одржлива реинтеграција. Овие активности се спроведуваат во рамка на проектот ЈОДА, кој што е финансиран од Цивика Мобилитас #CivicaMobilitas
На почетокот на денот се поделивме во два тима. Првот тим ги превзема калифорниските црви кои што се набавени во рамка на овој проект, а вториот тим го натовари ѓубривото кое што ќе го користиме за идно производство на биохумус.
Прв говорник на овој настан беше М-р Дарко Петровски, наш познат претприемач и консултант. Освен активностите во неговата компанија ‘Step Up’, во моментов Дарко ја врши функцијата на Претседавач на Локалниот Социјално-Еконoмски Совет на Град Скопје и Претседател на Македонската Асоцијација за Човечки Ресурси. Дарко на учесниците на обуката им зборуваше за важноста и убавината на работењето, поттикнувајќи и поддржувајќи ги нивните напори за одржлива реинтеграција во општеството.
Следен чекор беше поставување на ѓубривото во вака подготвената леа...
Конечно, на ред дојде да ги сместиме и новите ‘работници’, нашите новите калифорниски црви. По нивното ставање во леата, дотуривме вода а со цел да осигураме дека ќе го задржат препорачаното ниво на влага во горниот слој, и ги покривме со картони.
Пред завршувањето на ‘работниот ден’, нашиот денешен гостин-експерт Звонко Русовски (долгогодишен произведувач на биохумус и соработник на Органика Нова), одговараше на прашањата на учесниците на програмата во однос на производствениот процес, но и во однос на пласманот на ѓубривото.
Четвртата теоретска обука од проектот ЈОДА, кој што е финансиран од Цивика Мобилитас #CivicaMobilitas, ја одржавме на 03.09. 2020 во Граѓанскиот Ресурсен Центар во Скопје. Целта на овој проект е да им даде можност на бездомните лица (поточно на оние бездомни лица кои што САКААТ да го ‘предизвикаат’ својот сегашен општествен и материјален статус) од Скопскиот регион, да се вклучат во социјално-претприемачките активности на нашето Здружение - како прв чекор кон одржлива ресоцијализација и вклучување во сите сфери во општественото живеење.
Настанот беше отворен од Директорот на Здружението, со краток осврт на досегашните активности остварени во рамки на проектот, но и плановите за идни активности. Кон крајот на излагањето, на учесниците во проектот им беше предложено активно да се вклучат во работата на Здружението, со цел да се обезбеди неопходниот континуитет во напорите за нивна (ре)интеграција.
Прв гостин-говорник на овој настан беше Драгана Костевска, Доктор на науки од областа на безбедноста (Виктимизација на стари лица). Темата на којашто зборуваше Драгана е ‘Социјална интелегенција’, со цел зајакнување на социјалните капацитет на учесниците на проектот.
Нашиот втор гостин-говорник е Доктор на науки по социјална работа и еден од најдобрите познавачи на прилики со состојбите со бездомништвото во нашата држава. Излагањето опфати теми во врска со Емоционалната интелегенција и Човековите права, но и обврски.
И двете излагања предизвикаа голем интерес кај учесниците, и нивно активно учество во дискусиите и вежбите.
Пред крај на настанот, сите наши бездомни пријатели кои учествуваат во програмата ги пополнија понудените пристапници и тие во иднинан ќе учествуваат во активностите на Здружението.
На 10.09.2020 ја спроведовме четвртата (последната) практична обука за производство на биохумус. Обуката беше наменета за бездомни лица од Скопскиот регион, со цел да се обезбедат услови за нивна одржлива реинтеграција. Обуките беа спроведени во рамка на проектот ЈОДА, кој што е финансиран од Цивика Мобилитас #CivicaMobilitas
Пред да почнеме со активностите, со нашиот пријател и соработник Звонко Русовски (долгогодишен произведувач на биохумус) го дефиниравме распоредот на активностите. Со цел учесниците да се запознаат со финалната фаза од производството, започнавме со просејување на биохумусот:
Просеаниот биохумус го пакувавме во биоразградливи кеси од по 2 килограми.
Ги склопивме претходно набавените кутии во кој што треба да го спакуваме биохумусот и на него ги ставивме налепниците со ‘логото’ на биохумусот. Вака спакуваните кутии ќе ги поделиме на учесниците на завршниот настан кој што ќе се одржи на 17. Септември во Граѓанскиот Ресурсен Центар во Скопје
Пред крајот на последниот ‘работен’ ден од оваа обука, на учесниците им беа доделени ПОТВРДИ за учеството во оваа обука. Воедно, ги прогласивме и најдобрите учесници на обуката и им доделивме статус на YODA. Оваа позиција укажува на член на нашето Здружение кое преку личен пример помага на останатите лица во потреба да истраат во напорите за лична реинтеграција во општеството. За YODA-и беа прогласени учесниците Сашо Спасовски и Бобек Диневски.
На 17ти Септември завршивме со спроведување на проектот ЈОДА, кој што беше финансиран од Цивика Мобилитас #CivicaMobilitas. Целта на овoj проект беше да ги препознае бездомните лица од Скопскиот регион кои што САКААТ да го ‘предизвикаат’ својот сегашен општествен и материјален статус, оспособувајќи ги и давајќи им можност да се вклучат во социјално-претприемачките активности на Здружението за социјален и економски развој ИН ВИВО.
Завршувањето на проектот беше одбележано со завршен настан. Со цел да ги представиме проектните остварувања пред сите пријатели и поддржувачите на Здружението, пред сите сегашни и идни соработници (а воедно и да ги испочитуваме протоколите за организација на ваков тип на настани), во Граѓанскиот Ресурсен Центар во Скопје беа организирани две одделни презентации.
На првата презентација беа поканети основачите на Здружението, сите предавачите кои што беа ангажирани за спроведување на проектот, представници на Здруженија со кои што соработуваме или планираме соработка (Културно Ехо, Светулка Нора, Љубезност, Паблик, Здружение на млади правници), представници на град Скопје, општина Аеродром, општина Кисела Вода, општина гази Баба и општина Бутел, хуманитарни организации (Caritas), како и представници на општествено одговорни бизнис асоцијации и компаии (СИДИС, Везе Шари, Happiness маркетинг).
Презентацијата помина во одлична атмосфера; проектните остварувања беа срдечно поздравени од учесниците на настанот и веќе ги имаме и првите иницијативи за идни соработки со локалната самоуправа и реалниот сектор.
Втората презентација беше модериранa од еден од социјалните претприемачи во нашата организација, д-р Драгана Костевска; Гости ни беа представници на невладиниот сектор (МЦМС/Civica Mobilitas програмата, Организацијата на Црвен Крст на град Скопје, Комората на Органски Производители, Мрежата за Рурален Развој, АРНО Центар за Социјални Иновации, Опсерваторијата за социјално претприемништво, ХОПС Опции за Здрав Живот, Банка за храна, НВО Инфо Центар), представници на Владините институции и агенции (Министерство за Труд и Социјална Политика, Центар за Социјална работа, Агенција за Поддршка на Претприемништвото), представници на USAID CEP и UNDP.
Настанот беше отворен од Кристина Колозова, Национален програм офицер при Швајцарска агенција за развој и соработка (SDC) која што зборуваше за Civica Mobilitas програмата.
Наш втор говорник беше Ирена Иванова, Programme Manager во ЕУ Делегација која што се осврна на поддршката која што ја обезбедува Граѓанскиот Ресурсен Центар на младите организации и на актуелните состојби во социјалното претприемништво.
Трет говорник беше Ѓорѓи Кушевски, Директор на CEED Hub-от, кој што зборуваше за подршката кон младите организации во периодот на инкубација и досегашниот раст и развој на ИН ВИВО.
За проектните активности и остварените резултати зборуваше Извршниот Директор на Здружението ИН ВИВО, Дејан Стојановиќ, кој воедно ги представи и учесниците на програмата кои досега покажаа најдобри резултати во процесот на нивната реинтеграција.
На присутните им се обратија и нашите ЈОДИ, Саше Спасовски и Бобек Диневски, со нивните лични искуства со ЈОДА проектот, и надеж за континуирана поддршка до степен на нивна одржлива реинтеграција.
Нивното обраќање наиде на одобрување и предизвика силна емотивна реакција кај сите присутни...
Наш последен говорник беше Barbara Sadowska / Претседател на УО на Фондацијата Барка (Полска) која на присутните им се обрати со нејзино видување за иднината на социјалното претприемништво, но и со најава за конкретна поддршка преку проектот кој што следните две години ќе биде имплементиран во нашата земја.
Пред да го затвориме настанот, присутните дискутираа за сегашните предизвиците но и предностите со кои социјалното преприемништво би допринело за општеството и бездомните лица. Еден од дискутантите беше и Драган Цветковиќ (Претседател на Комората на Органски Производители) кој понуди инфраструктура за реплицирање на YODA проектот и на територија на општина Куманово, што беше срдечно поздравено од сите присутни.