За нас Документи Проекти Галерија Тим Поддржувачи Контакт
MK EN

Октомври, 2020

Апликацијата за овој проект беше поднесена кон крајот на Октомври 2020 година, со цел:

- Да им помогнеме на лицата од маргинализираните категории да ги развијат својата креативност, талент и уметнички вештини

- Преку уметноста да ја поттикнеме и помогнеме нивната социјалната вклученост во сите сфери на оштественото живеење, и

- Да го промовираме социјалното претприемништво и одржливата реинтеграција на лицата со помалку можности

Март, 2021

Во Март 2021, добивме потврда дека (со редуциран буџет и скратено времетраење на проектот) нашата проектна апликација може да биде одобрена. Кон крајот на Април, представниците на локалната Националната Агенција не поканија на работна средба (заедно со представници на други Граѓански Организации со одобрени проекти од Ерасмус + програмата), на која што беа презентирани информaции релевентни за предстоечката имплементација на проектите.

Јуни, 2021

На 17ти Јуни 2021 година, беше одржана првата транснационална средба со проектните партнери, со што и официјално беше означен почетокот на имплементацијата на проектот HOPE (Help to People Empowerment). Поради редуцираните буџети, оваа средба беше спроведена во on-line формат, но тоа воопшто не влијаеше на содржината и квалитетот на средбата. Од заклучоците на оваа средба ги издвојуваме:

- Дефинирањето на визуелниот идентитет / логото на проектот

- Усвојувањето на стратегијата за комуникација со јавноста во однос на прогресот и достигнувањата на проектот

- Назначување на координатор за комуникација/дисеминација

- Назначување на координатор за интерна евалуација на проектните активности

Според резултатите од пополнетите евалуациски форми за оваа средба, истата беше оценета како успешна и продуктивна, но беа идентификувани и посочени и сегментите кои ќе треба да ги подобруваме при понатамошната имплементација на проектот.

Јули, 2021

Во текот на Јули беше одржана и првата координативна средба помеѓу партнерските организации кои што работат на спроведување на проектот HOPE (Help to People Empowerment). На оваа средба бевме почестени со присуството на представник на Националната Агенција, г-ѓа Љупка Ќуркчиева, која што ги поздрави учесниците, посочи на сегменти на кои што посебно треба да обрнеме внимание и ни посака успешно спроведување на проектните активности. Во останатиот дел на средбата разговаравме за:

- Буџетите доделени за секоја организација одделно и начини за нивно оптимално искористување

- Карактеристиките на креативните едукатори кои што би ги ангажирале за спроведување на проектните активности

- Други теми од интерес

Август, 2021

По повеќенеделни размислувања, дебати и испитување на пазарот, донесовме одлука кој производ ќе го развиваме во рамка на нашите проектни активности. Се сложивме тоа да бидат вертикални камени градинарски чешмички,а причините кои ја оправдуваат оваа одлука во целот кореспондираат со целите на проектот HOPE (Help to People Empowerment). Работата на овој производ ќе допринесе за развивањето на уметничките таленти и вештини, но и поттикнување на лицата вклучени во оваа програма кон претприемачки активности. Веруваме дека со целиот процес ќе допринесеме во процесот на нивна одржлива реинтеграција.

Август, 2021

Во текот на Август ја отпочнавме и процедурата за добивање на Потврда за регистрација на проект во Секретаријатот за Европски Прашања (СЕП). Потврдата ја добивме во Септември 2021, а по поднесувањето на оваа Потврда во Управата за Јавни Приходи (УЈП), добивме и Решение за регистрација на даночен обрврзник, со кое што сме ослободени од плаќање ДДВ за трошоците направени при спроведување на проектот.

Септември, 2021

По направените подготовки, на 16. и 17. Септември во Атина учествувавме на првата Транснационална средба помеѓу тимовите на партнерските организации вклучени во имплементација на HOPE (Help to People Empowerment) проектот. Прекрасно поминати два дена, исполнети со размена на искуства, пристапи и методи за практична примена на знаењата стекнати преку неформалната едукација, но, и за подобрување на статусот и состојбите на лицата со помалку можности.

Поради состојби поврзани со COVID -19, моравме да направиме мала промена во планот за патување, така да, нашиот креативен едукатор Александар Наумоски на средбите присуствуваше преку Skype платформата.

Пaтувањето на Атина го искористивме и за посета на неколку произведувачи на градинарски чешми. Стекнатите впечатоци и искуства ќе бидат од голема полза при нашите идни проектни активности.

По завршување на работните средби во Грција, сите учесници пополнија евалуациска форма. Добиените повратни коментари рефлектираат задоволство од средбите темите и дискусиите – но и коментари/предлози за идно подобрување на ваквите средби.

Септември, 2021

Почнавме со изработка на калапите за градинарските чешмички. За оваа цел, го замоливме за помош чичко Драги, кој што е искусен бравар/заварувач. Тој е еден од највозрасните членови на нашата Организација и вистински пример за надминување на ‘возрасисмот’. По наше барање и инструкции, чичко Драги подготви технички цртеж за калапите кои што треба да ги направиме. По набавката на потребните материјали, почнавме со изработка на калапот за горната плоча за градинарската чешмичка, а потоа и со калапите за ‘коритото’ на чешмичката. Откако калапите ги наполнивме со бетон и истиот се исуши, ја составивме нашата градинаска чешмичка.

Веруваме дека вака подготвената основа за градинарска чешмичка ќе биде добар предизвик за лицата со помалку можности кои ќе бидат дел од НОРЕ проектот, да го надградат и покажат нивниот артистички потенцијали!

Октомври, 2021

По препорака на нашите креативни едукатори, почнавме со посети на локалните складови за градежни материјали и камен, со цел да избереме соодветни материјали кои што ќе ги користиме за декорирање на прадинарските чешми. Освен од навистина големиот избор на декоративен камен кој што е на располагање, бевме изненадени од количините на материјал кој што се смета за отпаден (?!), а може наменски да се искористи за целите и потребите на НОРЕ проектот

Ноември, 2021

По покана на нашите пријатели од Обсерваторија за Социјално Претприемништво (https://www.facebook.com/SEObservatory), представник од нашата Организација беше еден од говорниците на настан организиран во рамките на Глобалната недела на претприемништвото, дискутирајќи за:

- Мерење на развојот на социјалното претприемништво;

- Алатки за мерење на влијанието на социјалните претпријатија;

- Мерење на социјалното влијание на организацијата.

За овој настан беа пријавени повеќе од 40 слушатели, што представуваше одлична можност за промоција на нашите актуелни активности во рамки на HOPE проектот. Снимката од настанот може да ја проследите на: https://www.facebook.com/GEWNMacedonia/videos/377286100748796

Ноември, 2021

Во пресрет на првата едукативна активност насочена кон обука и подучување на нашите пријатели со помалку можности, со нашиот креативен едукатор професорот Тони Васиќ го избравме каменот кој што ќе го користиме при овие активности. По набавката, каменот беше класифициран според бојата, должината и формата. Претходно направените бетонски основи ги исчистивме и ги премачкавме со соодветна хемиска подлога. Разменивме мислења околу мотивите на кои што ќе работиме за време на обуката; се сложивме на дел од нашите чешмички да има елементи од нашата традиција и култура, а на дел од чешмичките да имплеметирале мотиви поврзани со проектот HOPE (за што подготвивме и соодветни шаблони).

Во подготвителните активности го вклучивме и Саше Спасовски, кој што е во напредна фаза на сопствената реинтеграција. Освен што ќе го награди сопстевниот артистички талент, Саше сигурно ќе даде допринос кон спроведување на овој проект, а ќе им биде помош и поддршка на останатите учесници на оваа обука.

Ноември, 2021

На 19. Ноември во Скопје се отвори првиот центар за поддршка на социјалното претприемништво. На отварањето, освен нашето Здружение, беа поканети уште околу 70 Организации кои имаат или планираат социјално-претприемачки активности.

Овој настан беше одлична можност да го представиме HOPE проектот пред повеќе од 250 посетители на овој настан. Освен многуте колеги, пријатели и поддржувачи на нашето Здружение, нашиот штанд го посетија и Министерката за труд и социјална политика г-ѓа Јагода Шахпаска, Вице-Премиерот задолжен за економски прашања г-дин Фатмир Бутиќи и Раководителот на Одделот за соработка во ЕУ Делегацијата во Северна Македонија г-дин Штефан Худолин.

Ноември, 2021

Kреативниот едукатор со кој што ќе го спроведуваме практичниот дел од едукативните активности е професор Тони Васиќ, шеф на катедрата за архитектура и дизајн при Американскиот Колеџ во Скопјеhttps://www.linkedin.com/in/toni-vasic-67a5541b4/, https://www.facebook.com/toni.vasic.9https://www.facebook.com/toni.vasic.9). Пред почетокот на нашата прва работилница, со нашиот креативен едукатор направивме проверка на локацијата каде што ќе се спроведува практичниот дел од едукативните активности, и на претходно подготвените основи за чешмички. Заедно го одбравме декоративниот камен кој што ќе го аплицираме на чешмичките. Се сложивме на некои од чешмичките на кои што ќе работиме, освен декоративен камен, да аплицираме и мотиви кои ја одразуваат традицијата и културата на нашата земја.

Ноември, 2021

Пред почетокот на работилницата, на учесниците на обуката им се обрати Извршниот Директор на Здружението ИН ВИВО Дејан Стојановиќ, представувајќи ги проeктните цели и агендата на планираните активности. При своето излагање, тој покани двајца од учесниците на работилницата, Саше и Славчо, да ги споделат нивните досегашни искуства со нашето Здружение. Претседателката на ПРО ЛОКАЛ - Битола Емилија Ѓероска со која што соработуваме на овој проект, им ја представи на учесниците својата Организација, но и искуствата и експертизите на нашите партнерските организации од Грција и Италија.

Прв едукатор кој што им се обрати на учесниците беше Драгана Лазаревска, Координатор на пунктот за бездомни лица во Момин Поток, поттикнувајќи ги да ги максимизираат личните напори за реинтеграција. Следен едукатор беше Маја Петрова од Агенцијата за Поддршка на преприемништвото, укажувајќи им на учесниците на достапните мерки за доедукација и професионална интеграција. Наш специјален едукатор/мотиватор беше Барбара Садовска од Фондацијата Барка – Полска. Таа со својата презентација представи неколку примери на лица во потреба кои што, со употреба на сопствените таленти, одржување на сопствената самомотивација и користење на можностите за поддршка – успешно достигнале степен на целосна и одржлива реинтеграција во општеството. Професионалниот но пријателски пристап на нашите говорници кон учесниците, ги поттикна повеќето од нив на активно учество и отворена дискусија со едукаторите.

Ноември, 2021

Вториот ден го започнавме со излагање на едукаторот Стефан Чичевалиев од Обсерваторијата за Социјално Претприемништво, кој ја истакна важноста ‘различност’ на порфолиото производи/услуги од кои што заработуваме (посебно во време на пандемија). Втор едукатор беше еден од нашите членови и основачи, Бобан Стојановиќ, кој им го представи на учесниците призводот на кој што ќе работиме за време на оваа обука и причините за ваквиот наш избор. Трет едукатор беше представникот на Македонското Здружение за Заштита При Работа (МЗЗПР), Славица Јанкова, која им појасни на учесниците на обуката повеќе важни сегменти од доменот на безбедност и заштита при работа.

Пред да почнеме со практичните обуки, на учесниците им се представи нашиот креативен едукатор, посочувајќи им ги алатките со кои што ќе работиме во следните денови, но и заштитните средства кои што ќе ги користиме при работата. За воведниот дел од практичната настава го искористивме ‘платото’ пред Центарот за Социјални Претпријатија. Целта на овој дел од обуката беше да посочиме како се правени основите за нашите чешмички. Калапите кои што ги користиме за производство на основите за чешмичките ги обложивме со креп хартија и најлон, со цел бетонот да не се залепи за калапот. Земавме мерки и ја ‘скроивме’ арматурната мрежа со кој што ќе ја засилиме основата на чешмичките. Ја подготвивме цементната смеша со која ќе ги наполниме калапите, ја нанесовме до половина од калапот, и истата соодветно ја распоредивме. Врз цементот ја поставивме подготвената арматурна мрежа. Обезбедивме простор за доток на вода со аплицирање на метална цевка на затоа предвидената позиција, и калапот го дополнивме со цемент.

Декември, 2021

Локација погодна за спроведување практична настава најдовме во околината на Скопје (Скопска Црна Гора, населба Голиово), а за учесниците во проектните активности обезбедивме соодветен превоз. По пристигнување на локацијата, креативниот едукатор ги запозна учесниците со планот на активности предвиден за тој ден, и ги потсети на мерките за лична безбедност и заштита при работа. Дел од учесниците беа делегирани да го селектираат каменот со кој што ќе работиме според, типот, бојата, големината и формата на парчињата. За тоа време, другите учесници работеа на подготовка (чистење) на бетонските основи за нанесување на лепак и камен. По завршеното чистење, на бетонските основи беше нанесена соодветна хемиска супстанца која ќе овозможи полесно ‘врзување’ на лепакот. Поттикнати да размислат околу мотивот на кој што би работеле, (дел од) учесниците му ги представија на креативниот едукатор нивните идеи. На еден од предлозите (кој што беше лесно апликабилен за почетници), почнавме веднаш да работиме. Откога го дефиниравме конечниот изглед на предложениот мотив, назначен беше тимот кој што ќе работи на неговата изработка и апликација на една од чешмичките. За тоа време, останатите учесници го дефинираа вториот мотив кој што ќе аплицираме. И почнавме да работиме... Мериме, сечеме, кроиме, лепиме ... После речиси два часа, видливи се ‘резултатите’ на првата, но и на втората чешмичка.

Декември, 2021

Размислувајќи за потенцијални идни персонализирани производ, одлучивме да се обидеме да аплицираме лого кое е инспирирано од самиот НОРЕ проект, а воедно и да усвоиме и нова – мозаик техника... Работата на новата чешмичка оди изненадувачки лесно и (релативно) брзо. За помалку од два часа, новата чешмичка е речиси готова... Речиси е завршена и чешмичката која што ја започнавме вчера... Сакајќи да ги утврдат знаењата од вчерашниот ден, еден од тимовите работеше на слична ‘шара’ како претходниот ден но со други бои на камења.... Како резултат на оваа обука, до крајов на неделава ќе имаме пет целосно завршени чешмички во две различни техники. НО, ГИ ИМАМЕ И НАШИТЕ ПРВИ ЦЕЛОСНО ГОТОВИ ПРОИЗВОДИ !!

Јануари, 2022

Минатата недела ја одржавме првата координативна средба во 2022 со нашите партнери од Битола, Италија и Грција, со кои што го спроведуваме проектот HOPE – Help To People Empowerment. За време на средбата, акцент беше ставен на заклучоците и оценките во однос на едукативните активности спроведени кон крајот на минатата година, како и плановите за работа во првиот квартал на оваа година.

Март, 2022

Со цел да ја формализираме едукативната компонента на нашиот модел за одржлива реинтеграција на лицата во потреба, потпишавме Меморандум за Соработка со државниот Центар за Образование на Возрасни. По потпишувањето на овој документ, ќе продолжиме со взаемната соработка преку развојот и верификација на програми за соодветно неформално образование прилагодени кон потребите на локалниот пазар на труд, организација и учество на конференции и едукативни работилници, размена на искуства и литература и други активности од заеднички интерес.

Март, 2022

Со цел да се поддржи соодветната имплементација на Националната стратегија за социјалните претпријатија, поканети бевме да ја представиме нашата организација пред Клубот на пратенички при Собранието на РСМ. Овој настан беше организиран од Центарот за поддршка на социјалните претпријатија и Националниот Институт за Демократија (NDI North Macedonia), и представуваше одлична можност за промоција на актуелните акивности на нашето Здружение.

Април, 2022

Во склад со предвидената временска рамка за спроведување на активностите од ХОПЕ проектот, нашите партнери Challedu од Атина - Грција ја спроведоа првата LTT (Learning, Training, Teaching) работилница. Во оваа активност беа вклучени лица со ментални проблеми, а целта на работилницата беше да се подобрат нивните мануелни и артистички вештини. Во првиот дел од работилницата учесниците беа запознаени со целите на HOPE (Help to People Empowerment) проектот, како и техниките кои што ќе бидат усвоени. Во практичниот дел на работилницата, учесниците учеа како да направат рачно изработени сувенири/подароци користејќи разни видови на ткаенини и материјали.

Секој од овие предмети треба да пренесе порака која што ќе го подобри светот околу нас. За време на работилницата беа користени користени стари компакт дискови, укажано на важноста за примена на RRR (Reduce, Reuse, Recycle) пристапот во нашето секојдневие. На крајот на работилницата, учесниците несебично го споделија своето задоволство и радост поради можноста да земат активно учество во ваква активност и со нетрпение ќе ја исчекуваат првата можноста да ги покажат изработените предмети, како и да ги споделат пораките кои што овие украси ги носат со нив.

Мај, 2022

Во текот на минатата недела учествувавме на VI. Регионална EPALE конференција, која што се одржа во Терме Тухељ, Хрватска. На овој настан учествуваа повеќе земји од соседството: Република Црна Гора - EPALE Montenegro , Република Србија - Fondacija Tempus , Република Словенија - EPALE Slovenija, Република Северна Македонија - EPALE North Macedonia и Босна и Херцеговина - EPALE Bosna i Hercegovina. За време на конференцијата беа разменети добри пракси и искуства за надминување на предизвиците кои се појавуваат при образованито на возрасни лица, и нивна успешна општествена интеграција #EPALE #VIRegionalnaKonferencija #AdultLearninginEurope

Мај, 2022

Кон крајот на минатата недела, во Торино (Италија) ја одржавме втората официјална координативна средба со партнерски организаци со кои што го спроведуваме HOPE (Hope to People Empowerment) проектот. За време на дво-дневната средба, направивме детална анализа на сите досегашни проектни активности, како и план за активностите кои што треба да ги спроведеме до Октомври, 2022.

Јуни, 2022

За време на конференцијата за поддршка на социјалните претпријатија и иницијативи која што се одржа на 13.06.2022 во СитиХол центарот во Скопје, имавме можност да ја представиме нашата организација и тековните активности. На настанот беа присутни повеќе од седумдесет учесници и гости, вклучувајќи представници на дипломатскиот кор, представници на домашните министерства и локалните самоуправи, како и бројни представници на бизнис заедницата и граѓанскиот сектор.

Јуни, 2022

Во текот на минатата недела, во рамки на проектот HOPE – Help to People Empowerment имавме одлична LTT (Learning, Training, Teaching) работилница, која што беше организирана од нашиот проектен партнер, Oрганизацијата ПРО ЛОКАЛ од Битола. Активноста беше спроведена во дворот на Вила Дихово - Битола, под менторство на ликовниот уметник Сандра Котевска. Во рамки на оваа активност, 12 лица со помалку можности од Пелагонискиот, Скопскиот и Полошкиот регион изучуваа како да направат мозаик, имплементирајќи ги стекнатите знаења на изработка на градинарски масички. Целта на оваа активност е да ја овозможиме и забрзаме социјалнaта/професионалнота инклузија на лицата со помалку можности, преку надградба на нивните артистички таленти и вештини.

За време на активностите, учесниците ги посетија и позравија представници на граѓански организации, представници на компании од реалниот сектор, представници на регионалната Стопанска комора и регионалниот Центар за поддршка на социјалното претприемништво и Градоначалникот на Битола. Сите изразија големо задоволство од резултатите постигнати со проектните активности, како и подготвеност за идна поддршка во процесот на целосна (ре)интегарција на лицата со помалку можности. Проектот се реализира со финансиска поддршка од ЕРАЗМУС+ програмата преку Националната Агенција за европски образовни програми и мобилност од страна на Здруженијата: Ин Виво - Скопје, Про Локал - Битола, Challedu - Атина, Грција и Liberitutti – Торино, Италија.

Јуни, 2022

Една од активностите која што го одбележа изминатиот месец е нашето учество на настанот (HR-Cafe & Networking) организиран од Македонската Асоцијација за Човечки Ресурси, насловен како “Социјално претприемништво – Нова можност за практикување на корпоративна општествена одговорност“. Ова беше одлична прилика за представување на актуелните активности на нашето Здружение, но и фантастична можност за размена на мислења и искуства со професионалци кои, освен активностите од доменот на човечките ресурси, посветени се и на соодветна примена на CSR активностите. Благодарност до Претседателот на Асоцијацијата, г-дин Дарко Петровски, и Извршниот Директор на Асоцијацијата г-динот Ѓоко Вукановски за одличната соработка помеѓу нашите организации.

Август, 2022

Со партнерските организации со кои што го спроведуваме проектот НАДЕЖ (HOPE - Help to People Empowerment), ја одржавме првата координативна средба по летните одмори. Во фокусот на денешната средба беа активностите од доменот на настава, учење и обука (LTT – Learning, Teaching, Training), кои што треба да се спроведат во Грција и Италија во текот на Септември 2022 година. Проектот е финансиски поддржан од програмата Ерасмус +, преку домашната Национална Агенција.

Септември, 2022

Изминатиот викенд учествувавме на ‘Саемот на граѓански организации и социјални претпријатија’, кој се одржа на платото пред Центарот за поддршка на социјални претпријатија. “Денот на граѓанските организации и социјалните претпријатија“ официјално го отворија НЕ Вероник Улман, Амбасадорката на Швајцарија во земјава; НЕ Дејвид Гир, Амбасадорот на ЕУ во РСМ, и Фатмир Битиќи, заменикот на Претседателот на Владата. На настанот учествуваа околу 110 организации од граѓанскиот сектор од целата земја. Нашиот штанд беше представуван од двајца учесници во проектот “HOPE – Help to People empowerment“ кој што го спроведуваме со финансиска поддршка од Еразмус + програмата и нашата Национална Агенција, а во соработка со нашите партнери Pro Local од Битола. За време на саемот представивме дел од производите кои што ги произведовме при спроведување на LTT (Learning, Teaching, Training) активностите предвидени со проектот HOPE. Активности за едукација, обука и практикување на стекнатите знаења во овој проект се наменети за лицата со помалку можности, а дел од нив и беа вклучени во оваа програма. Повеќе од 250 посетители го посетија нашиот штанд. Особена чест ни представуваше посетата од Градоначалникот на Скопската општина Центар, г-дин Горан Герасимовски, пред кој што ги представивме нашите активности и проектите на кои што работиме. Општина Центар - Скопје е одличен пример на општина која што ја разбира и развива соработката меѓу локалните самоуправи и социјалните претпријатија, како клучна активност за реализирање на проекти значајни за граѓаните. Освен активностите на штандот, благодарни сме на тимот на Центарот за Поддршка на социјалните претпријатија - “Не оставај никој зад себе” за можноста да ги представиме нашите активности и производи пред потенцијалните донатори.

Септември, 2022

На покана на нашите пријатели од ARNO, минатата недела имавме можност да ги представиме нашите активности пред поголем број поддржувачи и практикувачи на социјалното претприемништво од земјава и Република Србија. Средбата беше организирана во рамките на проектот Социјални претпријатија за економски развој и социјална инклузија, кој е финансиран од Европската унија преку ИПА 2 програма за прекугранична соработка помеѓу Република Србија и Северна Македонија. Прекрасен настам, професионална организација и одлична можност за стекнување нови пријателства и потенцијални партнерства!!!

Октомври, 2022

Почитувани пријатели и поддржувачи, Со големо задоволство ја најавуваме финалната конференција на проектот ‘HOPE – Help to People Empowerment’, на која што ќе ги споделиме научените “лекции“ и искуствата кои што ги стекнавме со оваа активност. Целта на проектот беше да ги поттикне лицата со помалку можности кон оддржлива реинтеграција со искористување на сопствениот креативен потенцијал, а спроведувањето е финансиски поддржано од програмата Ерасмус +, преку домашната Национална Агенција. Ќе ни представува огромна чест доколку ни се придружите на настанот кој што ќе се одржи на 27. Октомври (четврток), од 12:00 до 14:00 часот. Настанот ќе се одвива во on-line формат, а во прилог го доставуваме линкот преку кој што ќе можете да пристапите: https://us06web.zoom.us/j/83933041703... Ве молиме вашето присуство да го најавите на: https://forms.gle/VnD8rJFRXX5Rboe67 Се гледаме!!!

Октомври, 2022

Минатата недела се одржа финалната конференција на проектот ‘HOPE – Help to People Empowerment’. Целта на проектот беше да ги поттикне лицата со помалку можности кон оддржлива реинтеграција со искористување на сопствениот креативен потенцијал, а спроведувањето на проектот е финансиски поддржано од програмата Ерасмус +, преку домашната Национална Агенција. На конференцијата, активно учеество зедоа сите партнерски организации со кои што го спроведувавме проектот, споделувајќи ги научените ‘лекции’ и искуствата кои што ги стекнавме со оваа актиивност во изминативе 17 месеци. Освен представниците на партнерските организации, почестени бевме со присуство на преку 30 пријатели и поддржувачи на овој проект. Зад нас останува професионално спроведена проектна активност, а веруваме дека во иднина не очекуваат нови соработки со искрени пријатели!!

Ноември, 2022

На покана на нашата Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, во Струмица присуствувавме на дводневната меѓународна конференција за „Инклузија и различност”, при што имавме можност да представиме дел од активностите на нашето Здружение. Покрај презентациите за добри практики, се реализираше и работа во групи со цел заедничко делување и идна соработка помеѓу поканетите организации. Инклузија и различност значи почитување и ценење на разликите. Да се заложиме за поинклузивно општество, градејќи подобро утре за сите.